Реконструкција на морничавото убиство на Саша во Добој: Еве како е извршена бруталната ликвидација, познати се сите страшни детали за злосторството (фото)
Целиот регион го потресе веста за бруталното убиство на Саша К.(46), татко на четири деца, чие безживотно тело, со врзани раце и нозе и со глава покриена со селотејп, беше пронајдено на 30 јануари во шума недалеку од популарното излетничко место Преслица.
Полицијата досега приведе тројца осомничени во овој случај – Андреа К.(34), сопругата на убиениот, потоа нивната малолетна ќерка (14), но и Дражен Л.(19), кој, се верува, бил во врска со жената на Саша.
Како што изјавија од Окружното јавно обвинителство во Добој, постои сомнеж дека Андреа К. и Дражен Л, во периодот од 29 јануари до 30 јануари, по претходен договор со малолетно девојче, го убиле Саша „од во семејниот дом, претходно го зашеметиле со употреба на одредени апчиња за спиење и му задале неколку удари од кои искрварил, а потоа врзан го извадиле од куќата и со патничко моторно возило „пежо“ го однеле во Преслица, во Добој, во шума во непосредна близина на излетничко место, каде пријавените со непознат предмет му нанеле четири убодни рани во пределот на стомакот и поради развој на тежок трауматски и хиповолемичен шок предизвикан од повреда и губење на крв, настапила смрт, за да го остават така во шума и да се упатат во непознат правец“, потврдија од Обвинителството.
Како што покажа досегашната истрага, се верува дека мајката и малолетната ќерка долго време го труеле Саша, ставајќи ми лекови во пијалокот. Се претпоставува дека Саша бил издрогиран од неговата малолетна ќерка неколку часа пред убиството. Таблетите кои ги купила нејзината тетка ги здробила и ги ставила во вода од која потоа му направила лимонада на татко и’. Кога Саша заспал зашеметен, ќерката ги повикала мајка си и Дражен, ја оставила вратата отклучена за да можат да влезат во куќата.
Кога пристигнале Андреа и Дражен и’ рекле на девојката да влезе во дневната соба и да ја затвори вратата. Влегле во собата каде што спиел Саша, го претепале, му ги врзале рацете и нозете со јаже, а главата му ја прекриле со селотејп лента. Врзан и претепан го ставиле во багажникот и со две возила се упатиле кон шумата кај излетничкото место. Дражен отишол во едно возило, а Андреа во друго каде Саша бил врзан во багажникот. Во шумата четири пати со остар предмет го избоделе Саша во стомакот и го оставиле да умре. После тоа се возеле до паркинг во Добој, од каде Андреа заминала за Бањалука, каде што претходно изнајмила стан за тој ден. Околу шест часот наутро на 30 јануари, Андреа пристигнала во Бања Лука.
Според прес-конференцијата во вторникот, прва се посомневала дека нешто не е во ред, кумата на Андреа. Истиот ден околу 11.50 часот повикала полиција и пријавила дека се исчезнати Андреа и Саша. Таа во полиција изјавила дека Андреа и мажот излегле од куќата, каде останале две малолетни деца и дека на креветот биле забележани траги од крв.
По пристигнувањето, полицијата прво се посомневала дека се работи за семејно насилство, поради што биле повикани социјалните служби да се грижат за децата. Некаде околу 13 часот и 50 минути граѓаните добиле дојава дека во Преслица е пронајдено тело на неидентификувано машко лице кое било врзано, а устата и очите му се покриени со селотејп трака. Набрзо било утврдено дека се работи за Саша К. Полицијата набрзо дознала дека со убиството може да се поврзани сопругата на убиениот Андреа К.(33) и младиот Дражен Л.(19).
,,Полициските службеници добиле сознанија дека двете лица пред тој настан биле во некаква емотивна врска“, беше истакнато на прес-конференцијата.
Полицијата веднаш започнала потера по нив. Младиот човек попладнето бил идентификуван и лоциран во областа Добој, додека Андреа била лоцирана во областа Бања Лука и уапсена. Осомничените Андреа и Дражен беа изведени во обвинителството во средата на 31 јануари. Но, следеше нов шок кога беше откриено дека е уапсена и малолетната ќерка на Саша (14), која исто така е однесена во обвинителството.
Истата вечер на ќерката и’ е одреден малолетнички притвор до 30 дена, додека на Андреа и нејзиниот наводен љубовник наредниот ден, на 1 февруари, им е одредена мерка притвор до 30 дена. Стотици луѓе го придружуваа Саша до неговиот вечен одмор на 1 февруари, а тој беше погребан на локалните гробишта.