Реоналдо од трагичар до херој: Кристијано се посрамоти, но сепак му донесе победа на својот тим! ВИДЕО

Еден од најдобрите светски играчи на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо му донесе победа на Ал Наср на гостувањето кај Ал Таи со гол од пенал на три минути до крајот за победа од 2:1.

И беше речиси невозможно Роналдо да не биде трагичарот на натпреварот, бидејќи пропушти неколку колосални шанси.

Португалецот имаше неколку промршувања и скапиот тим Ал Наср се доближи до прекин на серијата од шест последователни победи.

Сепак, тој ја презеде одговорноста во 87. минута и реализираше пенал за својот тим.

Роналдо во свој стил, со гласно урлање го прослави победничкиот гол.