Рецептот за успешен брак има 5 состојки! Водењето љубов е на прво место, а потоа приврзаноста…

Тестирајте што би направил вашиот партнер за да ви го разубави денот, предлагаат експертите…

Малите нешта значат живот, а многу повеќе во бракот. Понекогаш правењето утринско кафе е убав гест за да покажете дарежливост кон партнерот, што е една од петте главни „состојки“ за добар брак.

Истражувањето на психолозите во Америка покажало дека на листата на пет главни фактори на големо задоволство во бракот на прво место е сексот, второто е приврзаноста, третото великодушноста, четвртото е позитивниот однос кон воспитувањето на децата, додека за жените поддршката на пријателите и семејството им е на петто место, а кај мажите духовноста.

Вреден и важен

Дарежливоста во врска е многу важна. Испитаниците за кои било откриено дека се несебични партнери пет пати почесто го оценувале својот брак како „многу среќен“.

Психијатрите веруваат дека со оваа карактеристика всушност му покажуваме на партнерот дека ни е важен и вреден.

Сепак, резултатите од истражувањето покажаа дека најдобар темел на бракот е сексот. Паровите кои се многу сексуално активни се дури 10 до 13 пати позадоволни од бракот од оние на кои сексот не им е примарен и го прават поретко.

Но, тие два „елементи“, посочуваат психолозите, не треба да се одвојуваат.

Паровите кои поминуваат многу време заедно се задоволни од ,,состојбата на нивниот кревет”, а интересно е што жените кои ги делат домашните обврски со партнерот често се позадоволни.

Што сакаат жените

А врските надвор од креветот влијаат на среќата во љубовниот живот.

Дарежливоста најдобро се покажува со подарување или правење нешто што нејзе ѝ се допаѓа, без разлика дали тоа е подготвување појадок или вечера, купување цвеќе или парфем. Другата страна тогаш ќе разбере дека сакате да им угодите.

Согласноста за начинот на воспитување на децата е од суштинско значење за семејната хармонија. Игнорирањето на обврските кон најмладите членови и префрлањето на одговорноста на другиот партнер доведува до уништување на семејството, кавги и обвинувања. Ако се поделат и „надлежностите“ во овој поглед, сè ќе биде подобро.

Kога ќе ги поминете сите секојдневни маки, попатно се израдувате со ситници, се консултирате за детските проблеми и утрешните обврски, го завршувате денот – со секс. Тоа го продолжува бракот и го подобрува.