Митровиќ, каде брзаш!? Србинот фатен како поминува на црвено! „Шибал“ со џипот, а сега може тешко да помине! ВИДЕО

Александар Митровиќ игра добро во Саудиска Арабија, не му требаше долго време за да се прилагоди на новата средина и брзо стана миленик на навивачите.

Уште од самиот почеток на сезоната во Саудиска Арабија, Митровиќ на сите им стави до знаење зошто е донесен. Во него решението на централната напаѓачка позиција го видоа челниците на Ал Хилал, а тој веќе ја „тресе“ противничката мрежа.

Сепак, последните информации кои се појавија во тамошните медиуми нема да им се допаднат на српската репрезентација, бидејќи на социјалните мрежи кружи видео на кое наводно главен актер е Александар Митровиќ.

Црниот џип е снимен како минува низ црвено светло, а оние кои го споделуваат тврдат дека зад воланот е моќниот центарфор.

– Во Ријад кружи снимка од автомобил на семафор, а тие што ја споделуваат велат дека автомобилот го управувал фудбалерот Митровиќ – напишал еден од навивачите.

– Митровиќ помина на црвено на семафор, Лигата мора да реагира и да го примени законот за него. Се надеваме дека ќе престане и дека ќе биде пример за другите – ова е мислењето на извесен Саудиец.