Рецепт за НАЈДОБРИОТ домашен џем од јагоди: Вака го правеа нашите баби, а ви требаат само 3 состојки

Јагодите се најпопуларните, а на многумина омиленото црвено овошје. Ги сакаме свежи, во колачи, сладолед, смути и сок, но сакаме и џем направен од нив.

Џемот од јагоди е омилениот сладок овошен намаз на многумина, а за да го направите потребни ви се само три состојки.

Состојки:

2 кг јагоди

1 кг шеќер

Сок од два лимона

Подготовка:

Јагодите исчистете ги од стеблата, па пресечете ги на половина, а потоа ставете ги во големо тенџере.

Јагодите посипете ги со шеќер и оставете ги да отстојат еден час за да им се ослободи сокот.

Јагодите малку изгмечете ги и варете ги додека смесата не зоврие. Потоа намалете ја топлината на умерена температура и оставете го џемот да врие околу еден час.

Смесата постојано ќе се пени и важно е постојано да ја отстранувате со лажица. Кога ќе престане да пени, тоа значи дека вашиот џем е готов.

Тргнете ја тавата од оган, а потоа додадете го сокот од лимон и нежно измешајте сè.

Топол џем истурете го во чисти и стерилизирани тегли. Затворете ги, превртете ги наопаку за да се создаде вакум, а потоа вратете ги и оставете ги да се изладат.