Рецепт за салата што го носи летото во чинија

Цело лето можевме да јадеме само салати. Лесните и хранливи салати се совршен летен оброк кој ќе не засити, но нема да ни го отежни стомакот. Една од моите омилени салати е секако италијански специјалитет, односно салата Капрезе. Таа ги носи вкусовите на летото во чинија, а во продолжение ви го откриваме рецептот за салата Капрезе.

Состојки:

– 2 домати со средна големина

– 1 моцарела

– маслиново масло

– сол

– свеж босилек

Измијте ги доматите и исечете ги на тенки парчиња исто како моцарелата. Ставете го на чинија, посипете со сол и намачкајте со маслиново масло, а одозгора ставете листови босилек.