Речиси 30.000 луѓе досега избегале од Нагорно Карабах во Ерменија, што е четвртина од населението на енклавата што Азербејџан ја зазеде минатата недела, јави Би-Би-Си.
На еден од патиштата што водат кон Ерменија се формирала колона од стотици автомобили.
Азербејџан соопшти дека жителите ќе бидат безбедни, но ерменскиот премиер тврди дека почнало „етничко чистење“.
Најмалку 200 Ерменци и десетици азербејџански војници беа убиени во напад на азербејџанската армија минатата недела.
Како дел од договорот за прекин на огнот, ерменските сепаратисти се согласија да го предадат оружјето.
Азербејџанците рекоа дека сакаат да ги третираат Ерменците како рамноправни сограѓани, но многумина меѓу нив решија да заминат