РЕШИЛ ДА ДОНИРА ПАРИ НА ТУРЦИЈА, ПА СЕ ШОКИРАЛ ВО БАНКАТА! Познатиот кошаркар ГРМНА по мрежите – поради ова ПОБЕСЕН!

Словенечкиот кошаркар Клемен Препелиќ решил да донира пари на турска хуманитарна организација по страшните земјотреси, но на гестот на банката збеснал и се пожалил на своите следбеници на социјалните мрежи.

– Бев изненаден денеска. Кога преку хуманитарна организација испратив пари за помош во Турција, банката ми наплати 50 евра провизија. Мислам дека сите треба подеднакво да даваме поддршка во овие ситуации – напиша кошаркарот на Валенсија.

Инаку, Препелиќ е само еден од низата познати спортисти кои на овој начин и помогнаа на Турција по разорните земјотреси во кои загинаа десетици илјади луѓе.