Рибакина се повлече од турнирот во Индијан Велс

Четвртиот светски рекет, казахстанската тенисерка Елена Рибакина се повлече од турнирот во Индијан Велс (САД) поради здравствени проблеми. 

Рибакина преку социјалните мрежи им се заблагодари на фановите за поддршката.

– Би сакала да им се заблагодарам на сите навивачи кои дојдоа да ме поддржат и тажна сум што нема да имаат можност да ме видат како играм оваа година. Сега ќе одморам и ќе се опоравам за да можам да излезам на теренот и повторно да играм, напиша Рибакина на  социјалните мрежи.

Оваа сезона 24-годишната тенисерка ја освои титулата на турнирите во Бризбејн (Австралија) и Абу Даби (ОАЕ).