Ристова: Итно да се разреши Судскиот совет

Судијката Оља Ристова, која на ранг листата за судии во Апелација беше прва со највисоки оценки од Кривичниот суд во Скопје, јавно реагираше по одлуката на Судскиот совет за избор на 8 судии во Апелација.

Ристова изјави дека две и пол години била прворангирана, но Судскиот совет не го земал предвид овој факт. „Изборите се скандалозни, редоследот и ранг листата се сериозно доведени во прашање. Исто така и казнената моќ на мнозинството бадентер.

Судскиот совет мора под итно да се распушти и да се реформира“, напиша Ристова, која на листата одобрена од советот е треторангирана со 74,8 бода, додека прва во групата судии од Кривичниот суд во Скопје.