Ријалити-ѕвезда, старлета а сега и глумица! Ким Кардашијан уште еднаш ќе се проба во актерството: Ја доби главната улога во 12-та сезона на американската култна серија

Најпознатата ријалити-ѕвезда во светот, Ким Кардашијан, ќе се појави во култната серија „American Horror Story“, објави таа во понеделникот на социјалната мрежа Инстаграм, потврдувајќи го тоа со видео-снимка.

Магазинот Variety објави дека Ким Кардашијан ќе има главна улога во 12-та сезона, играјќи лик кој е специјално напишан за неа.

Ким Кардашијан

Ким Кардашијан најпрво ја освојуваше американската јавност како придружничка на богатата наследничка Парис Хилтон, но стана глобално позната по објавувањето на нејзината секс-снимка.

Она што следеше беше долготрајната ријалити-серија „Keeping up with the Kardashians“ и нејзините промени, во која гледачите ги следеа животите на едно супербогато семејство, а таа беше во брак со Канје Вест и изгради деловна империја продавајќи долна облека и производи за убавина.

Таа се појави во неколку филмови во доцните 2000-ти години, а неодамна беше глас за ликот во „Paw Patrol: The Movie“.

Ѕвезди како Лејди Гага, Сара Полсон, Кети Бејтс и Анџела Басет се појавија пред неа во култната серија „American Horror Story“.