Украина развива ново оружје

Украина развива домашни ракети со дострел од 700 километри, објави денеска украинскиот министер за стратешка индустрија Олександар Камишин.

Иако не беа објавени конкретни детали за оружјето со долг дострел, Камишин ја нагласи важноста на ракетната програма на земјата.

Изјавата доаѓа во време на зголемена поддршка за вооружување од Запад за Украина за време на конфликтот на земјата со Русија.

Според Ројтерс, министерот исто така истакнал дека Украина тројно го зголемила производството на оружје минатата година и дека сега работат 500 компании во одбранбениот сектор на земјата.

За време на телевизиската конференција во Киев, Камишин рече дека 100 државни и 400 приватни компании се вклучени во напорите и дека Украина планира „значително да го зголеми производството на муниција“ оваа година.