Роберт де Ниро првпат виден по губењето на внукот (19): Први сомнежи зе причина за смртта

Младиот Леандро Де Ниро Родригез, внук на познатиот холивудски актер Роберт Де Ниро, е пронајден мртов во неговиот стан во Њујорк, а веста за неговата смрт вчера ја соопшти Дрена Де Ниро, ќерката на славниот актер.

Извори блиски до ТМЗ изјавија дека истрагата е во тек и сите докази укажуваат на тоа дека 19-годишниот внук на Роберт Де Ниро починал од предозирање. Како што пренесува TMZ, покрај телото биле пронајдени неколку опијати и комплет за употреба на дрога.

Според Дејли Мејл, ужалениот Роберт Де Ниро бил виден како пристигнува во погребалното претпријатие во Њујорк во понеделникот вечерта по ненадејната смрт на неговиот внук тинејџер. 79-годишниот актер бил виден како носи капа и медицинска маска за лице додека го напуштал својот дом во Апер Ист Сајд и се качил во црн џип што го однел до погребната куќа Френк Е. Кембел, само неколку блока подалеку од неговиот стан.

Де Ниро пристигна во погребната куќа заедно со родителите на Леандро, посвоената ќерка на актерот Дрена Де Ниро и уметникот Карлос Родригез. Дрена ја објави потресната вест по посетата на погребалното, откривајќи дека го држела телото на Леандро за „последен пат“ и дека тој „не заслужил вака да умре“.

Да потсетиме, Леандро полицијата го пронашла како неподвижен седи на стол во неговиот стан во Њујорк во неделата попладне. Во официјалниот извештај нема знаци на напад, ниту насилна смрт. Имено, внукот на Де Ниро прв го пронашол пријател кој не се слушнал со него неколку дена и кој дошол во неговиот стан да провери дали е се во ред со него.

Во понеделникот, како дел од официјалното обраќање до медиумите, Де Ниро рече дека е длабоко потресен од смртта на неговиот сакан внук.