Робинзон Крусо од модерна доба: Пронајдени маж и куче откако биле изгубени во море со месеци, еве како преживеале (ВИДЕО)

Медицинскиот специјалист рече дека г-дин Шедок ќе го започне своето закрепнување со тоа што на почетокот ќе му бидат дадени многу мали порции храна.

Австралиецот Тим ​​Шедок и кучето Бела се пронајдени живи и здрави откако со месеци биле изгубени во море.

Човек и неговото куче кои биле изгубени во морето три месеци, а преживеале пиејќи дождовница и јадејќи сирова риба, биле спасени по тешко искушение. Тим Шедок и кучето Бела испловиле од Мексико на почетокот на април и планирале да отпатуваат за Француска Полинезија пред нивниот катамаран да биде погоден од бура само неколку недели по патувањето, што предизвикало дефект на електрониката на катамаранот, пишува Дејли Стар.

Бела, кучето на господинот Шедок, мавташе со опашката кога ја виде камерата како пристигнува како дел од спасувачката мисија.

Говорејќи за австралискиот 9News, г-дин Шедок рече:

– Поминав низ многу тешко искушение на море. Ми треба само одмор и добра храна, бидејќи долго време сум сам на море. Инаку сум во многу добро здравје. Имам многу добри лекови и добро се грижам за себе.

Тој беше спасен оваа недела откако хеликоптер кој придружуваше брод за ловење туна забележа пловечки брод кај брегот на Мексико и му пријде на помош.

Австралиските медиуми ја споредија неговата приказна со хит холивудскиот филм „Cast Away“ со Том Хенкс во главната улога, каде по несреќа еден човек останува сам на остров.

Медицинските власти велат дека Австралиецот нема претрпено сериозни болести или повреди.

Морнарот, исто така, успеал да избегне изгореници од сонце, криејќи се под крошната на својот брод.

Медицинскиот специјалист рече дека г-дин Шедок ќе го започне своето закрепнување со тоа што на почетокот ќе му бидат дадени многу мали порции храна.

,,Дејли Телеграф” во Австралија ја цитираше мајката на Тим која вели дека „едвај чека“ да го види својот син и дека неговата прва станица ќе биде фризер и бербер по неговото искушение.