Родена под среќна ѕвезда: Антонела Рокуцо порасна скромно, а денес е сопруга на најпознатиот фудбалер во светот (ФОТО)
Од несуден стоматолог до влијателна инфлуенсерка.
Љубовната приказна на најпознатиот фудбалер на светот, Аргентинецот Лионел Меси (36) и Антонела Рокуцо (35) е една од најинтересните. Токму поради неговата популарност, таа стана една од најбараните личности на интернет, а каде и да се појави привлекува големо внимание .
Антонела е родена во Росарио и потекнува од скромно семејство кое имало супермаркет, но во тешките години во родната Аргентина наишле на чести грабежи и поради тоа имале финансиски проблеми. Меѓутоа, денес успеале да направат синџир од тој супермаркет, па ги имаат вкупно седум во неколку блиски градови на родниот град на Антонела, Росарио.
Таа пораснала со нејзините сестри Паула и Карла, а била многу блиска со нејзината баба по татко, која ја сметала за втора мајка.
Како Антонела стана позната?
Таа и Лео се запознале во раното детство, бидејќи Лео бил пријател со нејзиниот братучед Лукас како момче. За жал, поради фудбалот, спортистот се пресели од Росарио, кој беше еден од најконфликтните градови во тоа време, на друг континент, во Барселона и таа преселба на кратко ја прекина нивната љубов.
Додека биле разделени, таа емотивно се забавувала со друго момче. Воедно успеала да се запише на хуманистичките и општествените науки на Националниот универзитет, кои успешно ги завршила.
Додека студирала се занимавала со ритмичка гимнастика и била член на мечувалскиот клуб, пишува „VanityFair“. За жал, и се случи трагедија: нејзината братучетка загина во несреќа во 2005 година, поради што Лео се врати во Аргентина за да биде со неа во тешките моменти и повторно се роди нивната љубов. Била депресивна, тешко ја поднесувала загубата на блиска личност, па ги напуштила постдипломските студии по стоматологија, како и своето момче и се вратила на својата голема љубов – Меси.
„Ла Негра“, како што ја нарекуваа во родниот град, по три години, во 2008 година, се пресели во Шпанија, каде живееше и играше Лионел. Тие се венчаа во 2017 година и се родители на три сина: Тијаго (11), Матео (8) и Ќиро (5).
Успешна манекенка, жена која не се грижи за социјалните настани
Во ноември 2016 година, убавата Антонела објави дека потпишала договор за моделирање со дизајнерот Рики Саркани, а една година подоцна, со нејзината пријателка Софија Балби, сопруга на фудбалерот Луис Суарез и соиграчот Лео Меси, отворила бутик во главниот град на Каталонија, каде што продаваа аргентинска марка чевли“.
Тој нема профил на „Фејсбук“ или „Твитер“, туку само „Инстаграм “ и има повеќе од 35 милиони следбеници на него.
Антонела не е чест гостин на настани и манифестации, повеќе сака да поминува време со децата и сопругот кога нема професионални обврски.