Родителите покажаа како го одвикнале синот од цуцлата: Реакцијата на малиот е хит (ВИДЕО)

Одвикнувањето на децата од цуцли може да биде стресно и за родителите и за децата, а еден снаодлив татко дошол до генијална идеја сето тоа да помине без солзи. Иако не расплака дете, успеа да ги расплаче луѓето на социјалните мрежи.

На видеото кое е објавено на Твитер може да се види мало момче со цуцла за кое се закачуваат балони со врвка, која ја држи таткото. Веднаш ви е јасно кој е неговиот план – да ги пушти балоните да одлетаат и да ја земе цуцлата со себе.

Токму тоа се случи.

Малото момче се сврте да види како се оди кон небото, не заплака , но на крајот само почна да мавта во знак на поздрав.

Под видеото кое е потпишано со „Толку малечко, а веќе едно збогум, љубов…“ луѓето оставија грст коментари, а некои не кријат дека навистина биле воодушевени. Други, пак, изразуваат сомнеж за тоа колку е добро ова за детето.

„Не знам колку е добро да му се прави ова на мало дете. Верувам дека ова е голем стрес за него на овој начин да се одвои од цуцлата“, пишува еден корисник на Твитер, додека друг додава: „Тој е мал но разбира и мавта со цуцлата!Ова малечко ќе биде вистинско момче!“.