Тошковски и Бојмацалиев се сретнаа со словенечкиот амбасадор Пескор

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев денеска имаа работна средба со амбасадорот на Република Словенија Грегот Пескор на која се заблагодарија за продуктивната соработка со Амбасадата и Министерството за внатрешни работи на Република Словенија, особено за време на миграциската криза, како за и големата поддршка дадена во тој период. 

Во таа насока, информираат од МВР, министерот Тошковски изрази уверување дека добрата соработка ќе продолжи и во иднина.

-Тошковски накратко го запозна амбасадорот Пескор за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое има голема одговорност во спроведувањето на изборите кои ни претстојат, како гарант дека истите ќе бидат фер и демократски.  Ги образложи преземените мерки со цел ублажување на процедурите за вадење на лични документи со цел граѓаните да можат на еден достоинствен начин да дојдат до својот личен документ. Во таа насока укажа и дека сме обврзани на почитување на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните, соопшти МВР.

На средбата, се додава во соопштението, амбасадорот Пескор ја потенцираше досегашната поддршка дадена на МВР од страна на Република Словенија, особено за миграциската криза на билатерално ниво и сега во рамки на Фронтекс, но и онаа за воздухопловните единици.  

Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев се заблагодари за досегашната соработка со  Република Словенија и изрази желба за нејзино продлабочување.