Родители го изгубиле синот (4) на каучот: Веднаш алармирале полиција, а потоа се случил шокантен пресврт
Голема полициска акција била организирана во вторникот во германската општина Герсхајм со цел да се пронајде четиригодишното момче кое исчезнала од својот дом.
Родителите пријавиле дека малото момче било на каучот додека го гледало полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Борусија, а кога завршил натпреварот исчезнал без трага.
Мајката и таткото во паника веднаш ги алармирале органите на прогонот и соседите, а претрес бил организиран насекаде, дури и по соседните улици, пишува магазинот Феникс.
Сепак, од малиот немало ни трага ни глас.
А потоа полицијата влегла во дневната соба, каде родителите ја гледале напната игра и го затекнале момчето како мирно спие – покриено со големи перници на каучот.
Претставници на службата за медиумите изјавиле дека родителите дури тогаш успеале да се смират.