РОДИТЕЛИ КРВАВО СИ ЈА ПРЕТЕПАЛЕ СВОЈАТА 4-ГОДИШНА ЌЕРКА – Хорор во Романија: Девојчето завршило во болница со тешки повреди, а причината е срамна

4-годишно девојче од Брашов, Романија, завршила во болница откако нејзините родители (28 г.) ја претепале, јавуваат локалните медиуми.

Како што понатаму наведуваат медиумите, девојчето наводно било претепано по лицето и долниот дел на грбот. Насилството се случило на почетокот на неделата во семејниот дом, кога нејзините родители, двајцата 28-годишни, ја претепале поради наводно лошо однесување во градинката.

Нејзиниот татко набргу бил уапсен, по што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека нејзината мајка е во домашен притвор. Двајцата родители се осомничени за семејно насилство.

Кај девојчето биле констатирани тешки телесни повреди, поради што е предадена на државата и моментално е под нивен постојан надзор.

Истрагата ќе ги утврди сите околности на оваа злоупотреба.