РОДНИНИТЕ МЕ ЗЛОУПОТРЕБУВАА А ПОТОА БЕВ СИЛУВАНА 43.000 ПАТИ: Како робинка родив дете на 15 години, а потоа ДОЈДЕ УШТЕ ПОГОЛЕМ ПЕКОЛ

Бруталното признание на жртва на трговија со луѓе која со години била силувана и принудувана на проституција.

Карла Џакинто е девојка со сурова животна приказна. Според сопствената проценка, оваа Мексиканка била силувана повеќе од 43.000 пати. Таа ја сподели својата приказна со целиот свет со цел да ја подигне светската свест за оваа исклучително важна тема на трговијата со луѓе.

Ја истакнува бруталната реалност на трговијата со луѓе во Мексико и САД, подземен свет што ги уништи животите на десетици илјади мексикански девојки како Карла. Трговијата со луѓе стана толку профитабилна и широко распространета што не познава граници.

Карла вели дека била малтретирана откако знаела за себе и дека се чувствувала отфрлена од нејзината мајка. „ Потекнувам од дисфункционално семејство. Бев сексуално малтретирана од моите роднини уште од својата петта година “, вели таа.

Кога имала 12 години била мета на трговец со луѓе кој ја намамил со убави зборови и брз автомобил. Таа вели дека чекала пријатели во близина на метро станицата во Мексико Сити, кога и пришло момче кое продавало слатки и и кажало дека некој и праќа подарок.

Пет минути подоцна, вели Карла, постариот дечко разговарал со неа и и рекол дека е продавач на половни автомобили. Првичната несигурност исчезнала штом мажот почнал да и кажува дека и тој бил малтретиран како момче . Тој исто така беше многу приврзан и прилично џентлмен, според неа.

Размениле телефонски броеви и кога тој се јавил една недела подоцна, Карла вели дека била пресреќна. Ја замолил да оди со него на патување во блиската Пуебла и ја воодушевил кога се појавил во светло-црвен спортски автомобил.

Кога го видов автомобилот, не можев да поверувам. Признавам, бев многу импресионирана. Во тие години ми беше многу возбудливо . Ме замоли да се качам во автомобилот“, вели таа.

Знаците за предупредување беа насекаде околу мене, но во тој момент не ги забележав бидејќи добро се забавував и уживав. Не му требаше долго време на нејзиното момче, кое имал 22 години осносно 10 години постаро од Карла, да ја убеди да оди со него , особено откако мајката на Карла не се јави на вратата една вечер кога таа дојде дома малку подоцна од вообичаено.

„Следниот ден отидов со него. Живеев со него три месеци во кои тој се однесуваше многу убаво со мене. Ме сакаше, ми купуваше облека, ми обрнуваше внимание, ми купи чевли, цвеќиња, чоколади, сè беше идеално, сè што може да посака една девојка“, вели Карла.

Додава дека понекогаш ја оставал сама по една недела во нивниот стан. Неговите роднини се појавувале со нови девојки секоја недела. Кога конечно собрала храброст да праша што работат, тој и ја кажал вистината. „Тие се макроа“, рече тој. „Неколку дена подоцна почна да ми кажува што се очекува од мене, позиции, колку треба да наплатам, колку долго и што треба да правам со клиентите, како да разговарам и да се однесувам со нив за да добијам повеќе пари…“ искрена вели таа.

Тоа беше почеток на моите четири години пекол“. Првиот пат кога била принудена да работи како проститутка, била однесена во Гвадалахара, еден од најголемите градови во Мексико. „Почнав во 10 часот наутро, а завршив на полноќ. Бевме во Гвадалахара една недела. Направи математика, 20 клиенти на ден за една недела…Некои мажи ми се смееја затоа што плачев. Морав да ги затворам очите за да не видам што ми прават, за да не почувствувам ништо“, признава Карла.

Имаше уште неколку градови. Ја праќале и во бордели, мотели покрај патишта, улици познати по проституција, па дури и во куќи. Немаше празници или слободни денови, а по првите неколку дена била принудена да работи со најмалку 30 клиенти дневно, седум дена во неделата.

Карла раскажува како еднаш била нападната од нејзиниот макро затоа што клиент и направил “слива” на вратот: „ Почна да ме тепа со синџир по целото тело“. Ме удираше, ме клоцаше, ме влечеше за коса, ме плукна во лице, а тој ден ме изгоре и со пегла. Му реков дека сакам да заминам, а тој ме обвини дека се заљубив во клиент и дека не можам да заминам затоа што сакам да бидам проститутка .

Еден ден, кога работела во хотел познат по проституција , се појавила полиција. Ги избркаа сите муштерии, вели Карла и го затворија хотелот. Мислела дека дошол нејзиниот среќен ден и дека е полициска акција за спас на неа и на останатите девојки.

Нејзиното олеснување брзо се претвори во ужас кога полицајците, околу 30 од нив, вели таа, ги однеле девојките во неколку соби и почнале да снимаат компромитирачки видеа со нив. На девојките им било кажано дека видеата ќе бидат испратени до нивните семејства доколку не направат се што ќе побараат.

„Одвратни се, знаеја дека сме малолетни… Бевме само еден куп исплашени девојки… некои имаа само 10 години. Плачевме и молевме за помош, но едноставно никој не обрна внимание “, вели Карла, додавајќи дека тогаш имала 13 години.

Во нејзиниот свет на повторливи кошмари, се случи и бременост. На 15 години Карла родила девојче, бебе кое таткото макро го користел за да и го стега обрачот околу вратот. Тој и се заканил дека ако не му ја исполни секоја желба, ќе му наштети или ќе го убие бебето. Тој и го одзел бебето еден месец откако се родила, и не смеела да ја види се додека не наполнила една година.

Карла Јакинто конечно била спасена во 2008 година за време на операција против трговија со луѓе во Мексико Сити. Тогаш била уште малолетна, имала само 16 години, кога завршил хоророт. Последицата ќе ја носи со себе се додека живее.

Карла сега има 23 години. Таа стана активист за борба против трговијата со луѓе, раскажувајќи ја својата приказна на конференции и јавни настани. Таа својата приказна му ја кажа на папата Франциско во јули во Ватикан.

Нејзината порака е дека трговијата со луѓе и присилната проституција сè уште се случуваат и се се поголем проблем во нашето општество.

Карла додава: „Малолетниците се киднапирани, намамувани и одземени од нивните семејства“. Мора да го отстраните превезот на очите, бидејќи без да правите ништо, безброј млади девојки ќе ја доживеат мојата судбина …“ заклучува Карла.