Рома за шест мунути го реши Емполи

Фудбалерите на Рома во 21. коло во италијанската Серија А го победија Емполи со 2:0

Натпреварот на римскиот „Олимпик“ беше решен во воведните шест минути кога Рома ги постигна единствените два гола на натпреварот.

Недолго по стартот од центарот, Роџер Ибањез со глава ја затресе мрежата на гостите по корнерот на Паоло Дибала.

На речиси идентичен начин Тами Абрахам во шестата минута го удвои водството на „волчицата“.

Дибала повторно изведе корнер, а англискиот претставник беше највисок во скокот и беше 2:0.

Рома со натпревар повеќе од ривалите се искачи на второто место на табелата, со 13 поени помалку од лидерот Наполи.