Роналдињо откри што му се случило во затвор! Бразилецот ова никогаш нема да го заборави: Затворениците ги повикале чуварите и потоа беше шок
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, легендарниот Бразилец Роналдињо, падна на најниско ниво во 2020 година кога заврши во парагвајски затвор поради користење лажен пасош.
Извесно време помина зад решетки и не сака јавно да зборува за тоа, но сега откри една анегдота од затворските денови.
Познатиот ас призна дека имал посебен третман.
Влегов во затворот убеден дека ќе ме тепаат секој ден и ќе ги прават сите оние страшни работи што вообичаено ги прават во затворот, изјави Роналдињо и додаде:
“Меѓутоа, наместо тоа, затворениците веднаш ги повикаа чуварите. Тие побараа топка за да им покажам трикови и да ги забавувам. Веќе следното утро игравме пет на пет против чуварите”, откри познатиот фудбалски играч.
Роналдињо доминираше во затворот, неговиот тим беше непоразен на тие натпревари, а на еден турнир дури и успеа да освои печено прасе .