Бразилската фудбалска ѕвезда Роналдо Луис Назарио де Лима (47) се ожени со 14 години помладата девојка, моделот Селина Локс. Венчавката била во црква на Ибица, а прославата се одржала во мало село на југозапад од островот, во близина на местото каде што Роналдо има куќа.
Селина објави фотографии од прославата
Селина (33) објави фотографија од венчавката. „Ги собираме нашите семејства на интимна религиозна прослава за да го одбележиме почетокот на неделата полна со прослави“, напиша таа.
Меѓу гостите беше и поранешниот соиграч на Роналдо од Реал Мадрид, Хулио Баптиста. Поранешната сопруга на Роналдо, Милен Домингес, беше меѓу првите кои му честитаа на среќната двојка. “Среќна сум за тебе. Господ да те благослови и да те чува секогаш. Љубовта да живее долго”, напиша таа.
Двојката е во врска од 2015 година. Тие се вериле на почетокот на годината додека биле на одмор на Карибите.
Ова е негов трет брак
Милен беше првата сопруга на Роналд. Тие беа во брак четири години, а се разделија во 2003 година. Во февруари 2005 година се шпекулираше дека поранешниот фудбалер се оженил со манекенката Даниела Цикарели.
Но, се покажа дека тие официјално не се венчале бидејќи ниту еден од нив до тој момент не го финализирал бракот со претходните партнери. Тој раскина со Даниела, а потоа се ожени со Марија Беатрис Антони во 2008 година. Тие беа заедно до 2012 година и имаат две ќерки.