РОНАЛДО ПОНИЖЕН ПРЕД ЦЕЛИОТ СТАДИОН! Ди Марија го “возеше” Кристијан како на рингишпил! Ал Наср доживеа нов СРАМ (ВИДЕО)

По убедливиот пораз од Селта (0:5), саудискиот клуб за кој игра Кристијано Роналдо доживеа срамен пораз и на пријателскиот натпревар против лисабонска Бенфика.

Не е се во парите! Клубот на Роналдо потроши огромни милиони на засилувања, Португалецот тврдеше дека лигата во која настапува за неколку години ќе може да се натпреварува со петте најдобри европски лиги , но по две пријателски средби со Ал Наср беше јасно дека богатите клубови од Саудиска Арабија се далеку од Европа.

Така по Селта и Бенфика им одржа фудбалска лекција на Роналдо и екипата. Тимот од Лисабон го совлада Ал Наср со резултат 4:1, а впечаток е дека резултатот можеше да биде далеку поубедлив.

Веќе на полувремето португалскиот тим имаше предност од 3:1. Првиот гол беше виден во 23. минута кога Анхел Ди Марија се прошета низ одбраната на Ал Наср и ја затресе мрежата. Во продолжение Гонзало Рамос двапати погоди за убедливи 3:0. Во 42. минута Ал Наср успеа да постигне гол и да ја намали негативата. Сепак, во продолжение 19-годишниот Андреас Шјелдеруп се намести и постигна гол за конечни 4:1.

Очекувано, Кристијано Роналдо беше во центарот на вниманието во текот на целиот натпревар. Тој беше пречекан со овации, а малку подоцна имаше мал конфликт со навивачите, на кои по провокации им покажа како освоил пет ЛШ.

Посебно внимание привлече неговиот дуел со поранешниот соиграч од Реал, Ангел Ди Марија. Аргентинецот го доби лесно во еден дуел, па Роналдо се налути бидејќи го посрамоти пред цел свет.