Руд Каспер за првпат во кариерата го победи Ѓоковиќ! Норвежанецот по пласманот во финалето во Монте Карло: Во шок сум!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на турнирот во Монте Карло, а на патот до борбата за титулата беше сопрен од Норвежанецот Каспер Руд.

Норвешкиот тенисер за првпат во кариерата успеа да го совлада најдобриот тенисер на планетата, а по пласманот во финалето накратко изјави:

„Во шок сум“, беа првите зборови на Руд, а потоа продолжи:

Каспер Руд

„Сега сум среќен, ќе го паметам овој ден многу долго. Да го победам Новак, најдобриот на светот, никогаш не сум го направил тоа. Многу сум среќен. Водев во третиот сет, се врати, неверојатно е колку добри се тие момци под притисок, си помислив, не дозволувај ова да ти помине од раце, знаевме дека Новак ќе се врати, сè уште не беше готово, имаше кец на десетка – добар сервис-волеј, потоа го пропушти првиот сервис, па мислев дека спаси толку брејк топки со одличен втор сервис заврши мечот со двојна грешка, но тоа беше голема работа за мене “, изјави Руд.