Руина на векот: Хотелот чинел 700 милиони евра, а во него никој досега не престојувал

Хотелот, изграден во 80-тите години на минатиот век, во кој се вложени 700 милиони евра, никогаш не примил гости, па поради тоа го добил и не толку посакуваниот прекар „hotel of doom“.

Тоа е хотелот „Рјуѓонг“ во Пјонгјанг, Северна Кореја, а неговата изградба започна во 1987 година со големи планови да се отвори за посетители две години подоцна.

Отворањето на хотелот беше темпиран да се совпадне со Светскиот младински и студентски фестивал во 1989 година, при што дизајнерите сакаа да го соборат рекордот за највисок хотел во светот, титула што во тоа време ја држеше Јужна Кореја.

Хотелот Ryugyong е дизајниран во необична форма на пирамида и надминува 304 метри во висина со 105 ката, а дизајниран е да има дури 3.000 соби и пет ресторани.

Но, и покрај тоа што организаторите вложија околу 700 милиони евра во проектот, напредокот во изградбата на објектот е бавен со години.

Планираната височина ја достигна во 1992 година, но кога Северна Кореја западна во економска криза, изградбата потоа беше прекината, а кранот беше оставен на врвот на зградата.

Во следните 16 години, хотелот Рјугјонг стоеше празен, а неговата гола бетонска надворешност се издигна над околните згради. Во тоа време, зградата го доби прекарот „хотел на пропаста“.

По долга пауза, кранот беше отстранет, а хотелот „Рјугјонг“ беше покриен со метал и стакло, што чинеше речиси 170 милиони евра.

На крајот на 2012 година, германската хотелска групација Кемпински објави дека следната година делумно ќе го отвори „Рјуѓонг“ под нејзино управување. Сепак, само неколку месеци подоцна, компанијата се повлече.

Понатамошната работа на хотелот се одвиваше во 2018 година, кога беше опремен со LED светла во обид да се направи малку попријатен за присутните, како и знак на кој едноставно пишуваше: „Хотел Рјугјонг“.

Сепак, сè уште не е отворен за резервации