Русите го нападнале центарот на Харков, убиле момче (10): Снимката е морничава

Русија денеска продолжи со масовните напади со беспилотни летала и отвори артилериски оган врз регионот Харков во источна Украина, при што загина 10-годишно момче, еден ден по нападот во истата област во кој загинаа повеќе од 50 луѓе. Руските сили гранатираа станбена зграда во главниот град на регионот, Харков. Според воените извештаи од Киев, од урнатините на зградата таму е извлечено дете.

Видеото покажува големо уништување во станбена зона. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди нападите, нарекувајќи ги „руски терор“ и објави дека повеќе од 20 лица се ранети. Извештаите велат дека меѓу нив е и 11-месечно бебе.