Русите донесоа еден необичен обичај на Балканот: Еве што е Квартирник и зошто многумина го обожаваат (ВИДЕО)

Кога Русите дојдоа на Балканот (поради актуелните случувања таму) донесоа и некои свои обичаи и начини на забава. Така, самата културна сцена на Балканот се менува и добива некои нови форми, кои досега беа непознати.

Во минатото, приватните забави во становите беа главната и најдобра форма на забава. Сличен е и рускиот „квартирник“, само што треба да купите билет за да влезете на забавата.

Квартирник е приватен акустичен концерт кој се одржува во нечија куќа. Во Русија порано тоа беше единствениот начин да се одржи концерт.

„Значи, купуваш билет, пиеш, се дружиш и во одреден момент се појавуваат музичари со куп акустични инструменти. Сега и на Балканот има руски ,,кватерники”“, беше објавено неодамна на Твитер, пишува Н1.

Како што пишуваат на Твитер, тие се создадени во ерата на Советскиот Сојуз и не се поврзани само со пеење и свирење, туку и со поетски вечери или форуми на забранети теми.

,,Квартирниците ја кријат својата култура од властите, барем така се создадени“, пишува еден корисник на Твитер.