Халанд поефикасен од цел Челзи: Уште еден доказ колку потонал пребогатиот клуб! (фото)

Богатиот Челзи продолжува со лошите резултати.

По катастрофалната минатата сезона, оваа ќе биде уште полоша за „милионерите“ од Лондон.

По 6. коло од Премиер лигата, Челзи се наоѓа на 14. место на табелата со само пет бода и исто толку постигнати голови.

Едноставно, поразително е тоа што најдобриот стрелец во Премиер лигата, Ерлинг Халанд, од доаѓањето во Сити постигна 44 гола, а Челзи постигна 43.

Ова доволно говори за кризата во која се наоѓа пребогатиот клуб, а од друга страна каков „ѕвер“ од играч е голгетерот на Манчестер Сити.

На 44 првенствени натпревари од доаѓањето во клубот, Халанд постигна исто толку голови, буквално по еден гол на натпревар.