РУСИТЕ ПОСТАВИЈА ЗАМКА: Го намамиле непријателот во празни ровови, а потоа настанал ХАОС, загинале многу Украинци?!

Украинските војници не очекуваа вакво нешто

Украинските сили упаднаа во ровот на руските позиции во близина на селото Пјатихатки во областа Запорожје. Украинските војници беа снимени како брзо скокаат во руските ровови без да наидат на отпор, уверени дека лесно можат да го заземат упориштето без борба.

Сепак, напуштените ровови всушност беа стапица – тие беа минирани . Како резултат на тоа, дел од украинската група загинаа на лице место од мини кои експлодираа, а останатите кои се обидоа да побегнат беа исто така гранатирани од руска артилерија.

Тројца украински војници биле видени како скокаат во рововите по експлозијата на мините, веројатно мислејќи дека нема повеќе мини и дека сите експлодирале, а потоа третиот скокнал директно на мината што го убила.

Двеминутното видео наводно ја потврдува смртта на околу десетина украински војници, додека неколкумина се наводно ранети. 

Судејќи според видеото, може да се претпостави дека нападот го извршиле добро обучени украински војници , бидејќи може да се види како тие сосема соодветно дејствуваат на бојното поле . Се повеќе украински војници на јужниот фронт тврдат дека биле обучувани во земјите на НАТО.

Видео клип од упадот на украинските војници во руските ровови можете да го погледнете ТУКА.

За прв пат, видео снимките од украинските линии на фронтот покажаа тактички маневар на намамување на напаѓачката непријателска пешадиска единица во замка со минирани ровови . Самиот маневар не е нов, но ретки се снимките кои ја покажуваат неговата примена на бојното поле.