РУСИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ НА НОВА ВОЈНА! Захарова: Овие две држави можат да започнат конфликт од големи размери

Одлуката на Јужна Кореја беше донесена како одговор на лансирањето на воениот сателит на Северна Кореја.

– Како што знаете, Северна Кореја на 21 ноември изврши претходно најавено лансирање на сателит. Сето ова, гледаме, предизвика голема загриженост во Сеул, Токио и Вашингтон. Како таканаречена одмаздничка мерка, владата на Република Кина одлучи делумно да го суспендира меѓукорејскиот воен договор од 2018 година. Тој игра важна улога во одржувањето на стабилноста и спречувањето на вооружени инциденти во зоната на демаркационата линија, а сето тоа, се разбира, може да доведе до ескалација на конфликти од големи размери – рече Захарова на брифингот.

Таа истакна дека „ваквите чекори на јужнокорејската страна предизвикуваат страв“.

– Ескалацијата на тензиите околу полуостровот е директна последица на агресивните воени активности на САД и нивните сојузници, кои речиси без престан спроведуваат воени вежби и го пумпаат овој подрегион со оружје. Што се однесува до Русија, нашата земја се залага за мирно решавање на целиот спектар на проблеми на Корејскиот полуостров исклучиво преку политички и дипломатски средства, без надворешен притисок и без уцени – нагласи таа.

Претходно Пјонгјанг објави дека успешно лансирал ракета-носач што носи извидувачки сателит. Беше објавено дека ракетата-носач Cholima-1 го испратила сателитот Maligyong-1 во орбитата. Беше лансиран од полигонот Тонгчанг-ни, а го придружуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Пјонгјанг најави дека планираат „наскоро“ да лансираат уште неколку слични сателити.