Каде е и што прави најбруталниот убиец и силувач на девојчиња во Србија!?

Драган Николиќ Чомбе (60) е осуден на 40 години затвор за убиство на Тамара Ивановиќ (13) во Батајница во 2005 година и на 15 години затвор за силување и неприроден блуд против Н.С.(12) во Опово, односно комбинирана казна 40 од години, а како што пишуваат српските медиуми, одамна никој не го посетува.

„Тој е мирен, тивок и повлечен. Нема посетители. Поточно, одамна никој не го посетил. Тој ја дели својата ќелија заедно со друг затвореник“, рекоа од затворот во кој е сместен.

Тој ја дели ќелијата со друг затвореник. Вработен е како хигиеничар и ги чисти ходниците во затворот.

Да потсетиме, на свети Архангел Михаил се случи едно од најстрашните злосторства .

-Девојката дошла да му помогне, а тој без никаква причина веднаш ја нападнал Тамара со ножот што го имал во џеботПрвите удари, од вкупно 19, и’ ги направил во пределот на срцето, при што веднаш починала – изјави полковник Милорад Вељовиќ, тогашен началник на Одделот за криминалистичка полиција на МВР Србија.

Судење

На судењето тој се бранеше со исказ дека делото го извршил пијан и дека во тој момент таа го нападнала. Судскиот вештак утврдил дека и во алкохолизирана состојба не можел да зададе толку прецизни удари.

– Несомнено е утврдено дека на 21 ноември 2005 година, на земјен пат во близина на Железничката станица во Шангај во Батајница, Николиќ на подмолен начин ја убил Тамара, кога девојката дошла да му помогне откако тој паднал. Потоа со кујнски нож ја прободел 19 пати во грбот и во градите  рече судијката Мирјана Илиќ во образложението на пресудата.

При изрекувањето на пресудата само се смееше со потсмев, а во доказната постапка тврдеше дека само следниот ден во весник прочитал дека е убиена млада девојка и сфатил дека „најверојатно“ тој го направил тоа.

Телефонот на Тамара го продал на пазарот Панчевац, без картичката, која ја извадил ноќта на убиството, што е уште еден доказ дека бил свесен кога го извршил делото.

Силување

Со единствена пресуда е осуден и Драган Николиќ Чомбе за силување на девојка С.Н.(12).

Тој по разговорот со наставничката го извадил девојчето од одделението во основно училиште и го однел на излезот од Опово. Тој го претепал детето во шумичка покрај пресушен канал, а кога таа изгубила свест ја силувал.