Најмалку двајца загинати при гранатирање на украинскиот град Славјанск

Две лица загинаа, а 29 се повредени при денешната руска артилериска стрелба врз украинскиот град Славјанск во делумно окупираната област Доњецк.

Видеоснимките покажуваат оштетени станбени згради и изгорени автомобили. Украинскиот претседател Володимир Зеленски гранатирањето го нарече „тероризам“.

Во текот на изминатите 24 часа десетици градови и села во регионот на Доњецк беа гранатирани од руските сили, соопшти Кабинетот на Зеленски.

Руски ракети утрово го погодиле градот Авдевка, при што биле оштетени станбени згради, хотел и судска зграда.