РУСИТЕ СЕ ОБИДАЛЕ ДА ГО УБИЈАТ ЗЕЛЕНСКИ?! ДОШОЛ ДО СРУШЕНАТА БРАНА КОГА ПОЧНАЛО: Настана општа гужва и брутално гранатирање

Во пресрет на посетата на Володимир Зеленски на Керсон, имаше силно гранатирање.

Русите се обиделе да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Керсон, тврди белорускиот портал Некста. Како што објави Јутарњи лист, Зеленски на 8 јуни пристигнал во регионот Керсон за да ги посети поплавените подрачја по уривањето на браната Нова Каховка. На првото видео што беше објавено, Зеленски може да се види како разговара со локалните жители кои се подготвуваат за евакуација. После тоа Зеленски замина во Миколаив, град кој исто така беше погоден од поплавите.

Но, веднаш по заминувањето на Зеленски и неговата делегација, улицата каде што стоеше со жителите стана цел на силно руско гранатирање, што сугерираше дека Русите знаеле дека Зеленски е таму и се обиделе да го убијат.