Честитка од Демократски сојуз по повод Велигден

Демократскиот сојуз на сите верници од православна верoисповед им го честита најголемиот христијански празник ВЕЛИГДЕН.

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ја има најголемата заслуга за зачувување на македонскиот идентитет низ вековите, за одржување на обичаите, традицијата и македонската сплотеност и единство на македонскиот народ.

Овој најголем празник Велигден, нека биде патоказ за нашето обединување и соочување со сите предизвици во ова турбулентно и низвесно време.