Русија ги започна поморските вежби на „Штитот на Океанот 2023“ во Балтичко Море

Руското Министерство за одбрана денес го објави почетокот на поморските вежби „Штитот на Океанот 2023“ во Балтичко Морe.

Во вежбата учествуваат над 30 воени брода и чамци, 20 брода за поддршка, 30 авиони на поморската авијација и воздухопловните сили на Русија и приближно 6.000 воен персонал, се вели во соопштението на Министерството.

Вежбите се изведуваат под команда на врховниот командант на морнарицата, адмирал Николај Евменов, се додава во соопштението.

Целта на поморските вежби е да се оцени подготвеноста на руската морнарица да ги брани интересите на земјата во критична област, како и координацијата на различните воени сили.

„За време на вежбата ќе се разработат мерки за заштита на поморските комуникации, транспорт на армии и воен товар, како и за одбрана на морското крајбрежје. Севкупно, планирано е да се изведат над 200 борбени обуки, меѓу кои практична употреба на оружје“, соопшти Министерството.

По завршувањето на вежбите, бродовите и авионите ќе се вратат во постојаните бази.