Русија го свика бугарскиот амбасадор поради протерувањето на трите свештени лица

– Русија денес го свика бугарскиот амбасадор Атанас Крастин поради протерувањето на тројца руски свештеници од Софија.

„На 25 септември бугарскиот амбасадор Атанас Крастин беше повикан во руското Министерство за надворешни работи и му беше упатен силен протест во врска со протерувањето од Бугарија под неверодостоен изговор, на богохулен и навредлив начин, на челникот и двајцата служители на Руската православна црква во Софија“, се вели во соопштението на Министерството.

„Уште еден провокативен потег на бугарските власти“ неизбежно ќе има „непријатни последици“, се додава оттаму.

Бугарските власти на 21 септември го протераа архимандритот Васијан, челникот на Руската православна црква во Софија, со изговор дека претставува „закана за бугарската национална безбедност“.