Русија се подготвува за нова војна!? Германците открија шокантни информации од разузнавачките служби, нападот почнува следната зима, а се чека само едно

Според „Билд“, Русија следната зима би можела да нападне една од европските земји.

Германскиот весник, повикувајќи се на свои извори во една од европските разузнавачки служби, наведува дека Руската Федерација би можела да ја нападне Европа за време на претседателските избори во САД, бидејќи големата сила ќе се најде без лидер некое време и веројатно нема да може да им дојде на помош на своите сојузници или ќе го направи тоа со задоцнување.

,,Билд” наведува дека ова е периодот помеѓу заминувањето на актуелниот американски претседател Џо Бајден од функцијата на почетокот на ноември 2024 година и преземањето на функцијата од неговиот потенцијален наследник во јануари 2025 година.

Изворите на весникот наведуваат дека Кремљ се надева дека поранешниот претседател Доналд Трамп ќе се врати во Белата куќа бидејќи „сè може да се случи“ за време на неговиот мандат.

,,Билд”, сепак, не наведува која европска земја Русите на крајот ќе ја нападнат и со која цел.

Да потсетиме дека само 17 отсто од Германците се подготвени да земат оружје и да ја бранат земјата во случај на воен напад, покажа истражувањето. Истражувањето нарачано од неделникот ,,Стерн” покажа дека повеќето Германци не се подготвени да ја бранат својата земја во потенцијален вооружен конфликт.