Русија: Спречен украински напад на московскиот аеродром „Внуково“

– Русија денес соопшти дека пет украински дрона биле уништени во обид за напад на московскиот аеродром „Внуково“ и други објекти.

Во соопштението, руското Министерство за одбрана наведе дека четири дрона биле соборени од системите за противвоздушна одбрана, додека еден останал заглавен на територијата на Одинцово во Московската Област.

Одделно, Федералната агенција за воздухопловен транспорт, Росавијација, објави дека неколку лета биле пренасочени од аеродромот „Внуково“.

Според Агенцијата, нормалното одвивање на сообраќајот е обновено по 08:00 часот по московско време.