ФОТО | Експерт ‘работел’ на труп од кит и во цревата му пронашол богатство од 500.000 евра: “Луѓето не ни разбраа што држам во рацете…“ – погледнете!

Кога еден кит ‘испловил’ на плажа на канарскиот остров Ла Палма, никој не можел да замисли дека во неговото црево се крие вредно богатство.

Иако временските услови не биле поволни, Антонио Фернандез Родригез, раководител на Институтот за здравје на животните и безбедност на храна на Универзитетот во Лас Палмас, бил решен да открие зошто китот умрел, пишува весникот The Guardian.

Се сомневал дека имал проблеми со варењето, па го прегледал дебелото црево на животното. Чуствувал дека нешто тешко се залепило на тој дел од цревата.

Она што го извадив беше камен со дијаметар од околу 50-60 сантиметри и тежок 9,5 килограми“, рекол тој и додал: „Високите бранови го преплавија китот. Сите гледаа додека се враќав на плажата, но не знаеја дека она што го држам во раце е килибар“.

Килибар или „сив килибар“ е многу ретка супстанција. Познато е и како „пловечко злато“ и со векови е „свет грал“ на парфимерите. Парчето амбра што овој човек го држел во рака вреди околу 500.000 евра.

слика

Потеклото на килибарот, кој го произведува приближно еден од секои сто балински китови, е откриено дури кога започна масовното ловење китови на почетокот на 19 век. Китовите јадат големи количества лигњи и сипи, а бидејќи поголемиот дел од нив не може да се вари, китот ги регургира. Но, сепак, нешто останува и се врзува со текот на годините во цревата на китот во форма на килибар.

Китот понекогаш исфрла килибар, па може да се најде како лебди во морето. Но, понекогаш, како во случајот со китот во Ла Палма, тој расте премногу, му пука на цревата и го убива китот.

Килибарот има дрвен мирис како сандалово дрво, но содржи и амбреин, алкохол без мирис кој може да го подобри и продолжи траењето на мирисот, поради што е толку важен за парфимерите.

САД, Австралија и Индија ја забранија трговијата со килибар како дел од забраната за лов на китови и експлоатација.

Антонио Фернандез Родригез, кој извршил обдукција на повеќе од 1.000 китови, рекол дека китот умрел од сепса предизвикана од килибарот.

Институтот сега бара купувач за пронајдениот килибар, а Антонио Фернандез Родригез вели дека се надеваат дека ќе соберат доволно средства за да им помогнат на жртвите од вулканот што еруптираше на Ла Палма во 2021 година, уништувајќи стотици домови и бизниси и предизвикувајќи повеќе од 800 милиони евра во оштетување.

Законот е различен во секоја земја“, рекол Антонио Фернандез Родригез и додал: „Се надевам дека парите од продажбата на килибар ќе одат на островот Ла Палма, каде што китот се насука и умре“.