Русија тврди дека САД продолжиле да купуваат руска нафта

– Соединетите Американски Држави (САД) продолжија со увоз на руска нафта по пауза од една и пол година, објавија денес руските медиуми, повикувајќи се на Американската администрација за економија и статистика (ЕСА).

Руската државна новинска агенција РИА ги анализираше податоците објавени од ЕСА и извести дека Вашингтон увезол 36.800 барели нафта во октомври за 2,7 милиони долари и 9.900 барели во ноември за 750.000 долари, што значи дека барел руска нафта ги чинеле САД околу 74 долари во октомври и 76 долари следниот месец, што е значително повисоко од границата поставена од земјата на 60 долари за барел.

Според истражувањето, нафтата е купена за внатрешна потрошувачка.

Во март 2022 година САД воведоа забрана за испорака на нафта од Русија поради „специјалната воена операција“ на земјата во Украина што започна во февруари истата година.