Русија тврди дека соборила украинска ракета над Крим

– Руските сили за воздушна одбрана синоќа соборија украинска ракета над полуостровот Крим, се тврди во соопштение на руското Министерство за одбрана.

Нема жртви или материјална штета, се дополнува во соопштението, објавено на апликацијата „Телеграм“.

Во соопштението се наведува дека Украина истрелала ракета од систем за противвоздушна одбрана С-300 кој бил модифициран за да погодува копнени цели.