Убиство на бугарски бизнисмен: Разрешен началникот на МВР по ликвидацијата на Петров

Генералниот секретар на бугарското МВР Петар Тодоров ќе биде разрешен по убиството на бизнисменот Алексеј Петров на 16 август. Ова било одлучено на средбата на премиерот Николај Денков со претставници на МВР и безбедносните служби.

Министерот за внатрешни работи ќе направи извештај за разрешувањето на главниот секретар во МВР, рече Денков, пренесе агенцијата БТА.

,,Дел од денешната дискусија покажа дека внатрешен проблем има и во Министерството за внатрешни работи. Неколку факти укажуваат дека има проблем со организацијата во одделението. Тие се однесуваат на активностите на началникот. Во пракса министерот не работи со него затоа што нема доверба и смета дека има проблеми кои настанале пред да стапи на функција овој тим на МВР“, рече Денков и додаде дека не случајно на претходните средби, доколку министерот не бил присутнен, доаѓал заменик генерален секретар.

Тој додаде дека поради сите овие причини побарал од министерот за внатрешни работи Калин Стојанов „повеќе да не ја толерира оваа состојба“ и да подготви извештај со барање за разрешување на Тодоров, како и да го достави извештајот до Советот на министри и да го испрати до Кабинетот на претседателот.

„Извештајот ќе ги наведе конкретните факти кои бараат да се направат промени што е можно поскоро“, рече премиерот.

За убиството на Алексеј Петров се истражуваат различни мотиви, меѓу кои и можноста за одмазда, рече Денков и додаде дека истрагата оди во повеќе насоки.

„Петров не се чувствувал загрозен, одел на разни места без обезбедување. Постојат различни можни објаснувања поврзани со неговите позиции во Државната агенција за национална безбедност, неговите бизнис интереси, одредени криминали што се случувале низ годините и одмаздата. “ рече премиерот.