Русија: „Ја презедовме контролата над населбата Тоненке во Доњецк“

– Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили ја презеле контролата над населбата Тоненке во правец на Авдивка во областа Доњецк.

Во соопштението на Министерството се дадени информации за акциите на руската војска во Украина.

Се наведува дека во текот на ноќта руската војска погодила воени цели.

„Воздушно-вселенските сили на Русија нападнаа центри за донесување одлуки на Вооружените сили на Украина, логистички бази, сили за специјални акции и привремени точки за разместување на странски платеници со високопрецизни ракети со долг дострел што се лансираат од воздух, вклучително и ‘кинјал’, хиперсонична аеробалистичка ракета со нуклеарна способност“, објави руското Министерство за одбрана.

Руското Министерство информираше дека се погодени сите целни објекти.

Во исто време потврдија дека ја презеле контролата над уште една населба во областа Доњецк.

„Како резултат на координирана акција на воените единици ‘Центар’ во правец на Авдивка, ослободена е населбата Тоненке, во Народна Република Доњецк“, се наведува во соопштението на руското Министерство.

Се додава дека руските трупи преземаат мерки за да спречат инфилтрирање на диверзантски и извидувачки групи на Вооружените сили на Украина од украинските погранични подрачја во правец на рускиот град Белгород.

Во соопштението се додава дека се неутрализирани речиси 30 војници, три камиони и повеќецевен ракетен фрлач „Вампир“ од чешко производство.