– Руската федерална агенција за рибарство (Росруболовство) ѝ понуди помош на Јапонија за спасување на китовите убијци заробени во мразот крај јапонскиот брег.
„Во врска со вестите што се појавија во јапонските медиуми за тешката ситуација во водите во близина на градот Раусу на островот Хокаидо, Росруболовство и Серуски научно-истражувачки институт за рибарство и океанографија ја потврдија подготвеноста да помогнат во најкраток можен рок за спасување на цицачите од Црвената листа на загрозени видови“, наведе агенцијата во соопштението објавено на нејзината интернет-страница.
Агенцијата нагласи дека руското научно тело поседува потребни вештини и искуство за ослободување на китовите убијци.
Во вторникот локалните јапонски медиуми објавија дека најмалку 10 китови убијци останале заробени во мразот крај јапонскиот брег поради ниските температури.
Обилните снежни врнежи ја зафатија Јапонија во вторникот, нарушувајќи го секојдневниот живот во Токио и во други делови од земјата.