Ѓоковиќ му одговори на Халанд: Со овие зворови ги ,,запали” социјалните мрежи – неговите зборови одекнуваат!

Најдобриот напаѓач на планетата, играчот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ги воодушеви љубителите на спортот на Балканот со одличната изјава за најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ.

За време на гостувањето во подкаст, Халанд откри дека српскиот ас му е идол од другите спортови.

,,Ми се допаѓа Ѓоковиќ. Мислам дека е добар, дека си остана доследен на себе. Она што го постигна е неверојатно, а дојде од никаде, од својата земја. Така, ќе го изберам Ѓоковиќ”, изјави Халанд.

Недолго потоа, српскиот тенисер се огласи на Твитер и напиша:

– Ерлинг Халанд, ти благодарам брат!