Руската рубља падна на најниско ниво во последните 18 месеци во однос на американскиот долар

– Руската рубља денес падна на најниско ниво во последните 18 месеци во однос на американскиот долар, надминувајќи го нивото од 102 рубљи за долар.

Според податоците на Московската берза, рубљата загуби 1,7 отсто од вредноста, односно сега се потребни 102,1 рубља за еден долар, што е најниска вредност од март 2022 година.

Аналитичарите велат дека падот е резултат на тековната руско-украинска војна, покрај ескалацијата на конфликтот меѓу палестинската група на отпорот Хамас и Израел.

Вредноста на рубљата се намали за 40 отсто од почетокот на 2023 година, во услови на посилниот долар и неизбалансираните трговски текови.

Во септември, Руската централна банка ја зголеми основната каматна стапка за 100 базични поени на 13 отсто со цел да го намали инфлацискиот притисок врз економијата.

Во август, Банката на Русија по одржаниот состанок ја зголеми оваа стапка за 350 базични поени на 12 отсто поради слабеењето на рубљата.