САД велат дека ќе одговорат на нападите врз војниците на Блискиот Исток во време „по наш избор“

Портпаролот на Белата куќа нагласи денеска дека САД ќе одговорат во „време по наш избор и на начин по наш избор“ на неодамнешната серија напади за кои САД велат дека биле извршени од групи поддржани од Иран против американските војници стационирани на Блискиот Исток.

Острато предупредување од портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, дојде еден ден откако претседателот Џо Бајден рече дека ајатолахот Али Хамнеи бил директно предупреден дека САД ќе одговорат доколку Иран или негови посредници продолжат да ги напаѓаат американските војници. 

Нападите врз американските војници во регионот се зголемени по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со австралискиот премиер Ентони Албанес во Белата куќа, Бајден рече: „Моето предупредување до ајатолахот беше дека ако продолжат да се движат против тие војници, ние ќе одговориме. И тој треба да биде подготвен“.

Запрашан да даде дополнителни детали за тоа како таа порака била доставена до Хамнеи, Кирби одби да елаборира.