САД, Велика Британија, Холандија и Данска испраќаат стотици проектили во Украина

– САД, Велика Британија, Холандија и Данска објавија партнерство за испраќање одбранбена опрема во Украина, вклучително и стотици проектили.

Во заедничката изјава потпишана од претставниците на овие четири земји, се наведува дека испораката на воена опрема и оружје „веќе е започната“ и ќе биде завршена „во рок од неколку недели“.

Претходно, германските медиуми објавија дека Украина ќе добие уште 14 борбени тенкови Леопард 2 до крајот на 2024 година, а договорот ќе го финансираат Данска и Холандија.

Првиот од новите тенкови треба да им биде доставен на украинските вооружени сили во јануари следната година. До крајот на 2024 година треба да бидат префрлени сите 14 борбени возила Леопард 2.