САД започнаа истрага против технолошките гиганти

Американската Федерална трговска комисија (FTC) започна истрага за инвестициите и партнерствата на некои од најголемите технолошки компании со компании кои се напојувани со вештачка интелигенција (ВИ).

„Гугл“, „Алфабет“, „Амазон“, „Антропик“ и „Мајкрософт“ ќе бидат испитани за да се разбере какви овластувања и права им дале на компаниите како OpenAl и дали овие договори и штетат на конкуренцијата.

„Нашата студија ќе фрли светлина врз тоа дали инвестициите и партнерствата што ги спроведуваат доминантните компании ризикуваат да ја нарушат иновативноста и да ја поткопаат фер конкуренцијата“, рече претседателката на FTC, Лина Кан.

Истрагата претставува прв конкретен напор да се испитаат партнерските фирми на Ал и да се разбере како нивното партнерство се користи за проширување на досегот и влијанието во индустријата.

Една од најпознатите врски е онаа на Мајкрософт и ОпенАл, но неодамна Гугл, Амазон и Антропик склучија договор од повеќе милијарди долари што се приклучува на групата договори меѓу технолошките гиганти.

Инаку, под водство на Кан, FTC успешно го казни Амазон за кршење на приватноста во врска со камерата со ѕвонче на вратата и го насочи своето внимание кон технолошките компании кои избраа да ги зголемат своите инвестиции.